Мени

Убиство во обид во Липково

26.12.2018 12:58 | KumanovoNews

Во селото Никуштак, вчера во 16,40 часот, на асфалтен пат кој води кон м.в. Кодра, по претходна расправија, поради нерасчистени должничко доверителски односи А.М.(31) во еден момент изавадил пиштол и испукал еден куршум во правец на А.М. (35).

Убиство во обид во Липково

Не успеал да го погоди, по што влегол во неговото возило со скопски регистрски број и заминал.

Од страна на Јавен Обвинител и увидна екипа на СВР Куманово е извршен увид на место на настанот, при што е пронајдена и подигната една чаура. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.