Ученици од „Перо Наков“ премиерно ќе ја играат „ДР“ од Бранислав Нушиќ
Драмската група од средното училиште „Перо Наков“, вечерва во 20 часот во Театар Куманово, ќе ја изведе комедијата „ДР“ од Бранислав Нушиќ.

Во претставата играат учениците: Николај Павловски, Стефан Павличек, Мартин Павловски, Димитар Петрушевски, Викторија Ивановска, Катерина Стојмановска, Милена Стојановска, Кристина Петрушевска, Гоце Хаџиски, Теодора Стојковска, Јована Димитриевска, Сара Спасовска Ивона Лазаревска и Игор Стојчиќ .
Комедијата „ДР“ ги содржи вонвременските атрибути на комичност и дејство кое засигурно ќе ве насмее.
Ментори на претствата се професорите Александра Георгиевска и Сашо Тодоровски.
Репризата е утревечер(четврток).