×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците од „Наце Буѓони“ на фестивалот „Наук није баук” во Ниш

    12.04.2017 08:38 | KumanovoNews

    Учениците од техничкото училиште „Наце Буѓони“ – Куманово земаа учество на фестивалот „Наук није баук”, кој по девети пат се одржа на Електротеничкиот факулет „Никола Тесла” во Ниш, Србија.

    Учениците од „Наце Буѓони“ на фестивалот „Наук није баук” во Ниш

    На овој фестивал беа претставени 8 труда на учениците од училиштето под мотото „Праксата не инспирира. Примената на науката секаде е околу нас она што ја мотивира и инспирира денешната генерација. Ве чекаме да Ви покажеме што создаде нашата инспирација„.

    „Учениците од училиштето креативно работеа и создадоа нови инсталации, изуми, креативни проекти и практични анализи. Се работи за:сортирачка на монети, која селектира и подредува различни монети по големина со рачно управување, CNC машина, која исцртува геометриски 2D форми со движење на степ мотори кои се управуваат со Arduino,  анализа на Интернет сообраќај со Wireshark – Софтвер со кој се анализира и тестира Интернет сообраќај, со цел да се види целосниот комуникациски протокол при праќање и примање податоц, виножито ламба, кој менува боја по желба на корисникот од спектарот на виножитото, со помош на smart phone и bluetooth, интерактивен робот, светлосна реклама и други, - соопштуваат од училиштето.

    Штандот беше еден од најдобрите и најбогат со трудови на фестивалот.