×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученички наградени на литературниот фестивал „Ракатки„

    24.04.2017 11:35 | KumanovoNews

      Ученици од основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Магдалена Антова“ освоија трето место на републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки 2017“, кој викендов се одржа во Радовиш.

    Ученички наградени на литературниот фестивал „Ракатки„

    На главната фестивалска вечер настапија 35 наградени ученици од цела Македонија, меѓу кои и учениците кои освоија III награда: Анастасија Богдановска од IX-2 одд. од „Вук Караџиќ“ и Илијана Симоновска од IX одд. од „Магдалена Антова“, под менторство на професорите Николче Јакимовски и Валентина Петрушевска.

    Оваа година фестивалот се одржа под мотото „Имам желба“.  Учениците и наставниците освен настапот на фестивалската вечер каде што уживаа во убавиот пишан збор, имаа чест и задоволство да ги видат убавините на градот Радовиш и неговата околина.

        Фестивалскиот одбор на „Ракатки“ изразил желба, следниот фестивал да биде одржан во Куманово.