Ученик споделувал компромитирачки фотографии од соученичка
13.04.2019 18:48
| KumanovoNews
Во Кумановската полиција пред два дена било пријавено дека се споделуваат компромитиралки фотографии од малолетно девојче.

Случајот го пријавила мајка на девојчето, која изјавила дека од училиштето каде што учи нејзината малолетна ќерка била известена дека ученик во училиштето споделува компромитирачки фотографии од нејзината ќерка.
Се работи на расчистување на случајот.