Училиштето „Перо Наков“ во Бедиње ќе добие спортска сала
Поставен е камен темелник за изградба на спортска сала во средното училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански јазик, во кумановската населба Бедиње.

Училишната спортска сала во „Перо Наков“ е со површина од 650 м2, и со планирана вредност од 24 милиони денари. Спортската сала ќе биде комплетно опремена со спортска опрема, со гардероби, санитарни јазли и тушеви,- соопштуваат од МОН.
Планирано е оваа спортска сала да биде завршена и предадена во употреба во првата половина на 2018 година.
Спортска сала во „Перо Наков“ е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали во средните и основните училишта во Република Македонија“.