УЈП најавува присилна наплата на радиодифузната такса
02.08.2015 06:42
| KumanovoNews
Управата за јавни приходи ќе отпочне постапка за присилна наплата на радиодифузната такса.

Затоа ги повикува сите граѓани и фирмите кои имаат заостанат долг да го платат во најкус рок, бидејќи во спротивно ќе им бидат блокирани трансакциските сметки и обврзниците ќе имаат дополнителни трошоци.
Состојбата на долговите за РДТ е наведена во Решението, кое УЈП го доставува до обврзникот секој месец, а дополнително проверка може да се провери и преку Интернет.