×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Укинато екстерното тестирање

    01.06.2017 17:16 | KumanovoNews

    Собранието попладнево го укина екстерното тестирање, откако пратениците ги донесоа измените на законите за основно и за средно образование и законот за наставници.

    Укинато екстерното тестирање

    „Апсурдот беше што во свидетелствата на децата се пишуваа и единици, како оценки кои законски не се преодни. Но, најголеми контроверзи екстерното донесе во кариерата на наставниците. Доколку оценката на детето по некој предмет во голема мера се разликува од оценката на наставникот, тој влегува на црн список и ако тоа се случи две години по ред, тогаш ќе го загуби своето работно место. Директорот на училиштето ќе му даде отказ, поради незадоволнителни резултати од работењето“, стои во образложението за донесување на измените поднесени од пратеници на СДСМ.

    На денешната расправа и гласање во Собранието не присуствуваа пратениците на опозиционата коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, поради, како што рече пратеникот Влатко Ѓорчев, обидот за убиство на поранешниот пратеник и министер за здравство Никола Тодоров.

    Екстерното тестирање  требаше да се одржи  на 5 јуни.