Украден златен накит и бела техника вредна 10 иљади евра
12.01.2015 11:47
| KumanovoNews
Кумановец, кој имал куќа во Скопје останал без златен накит и бела техника вредна над 10.000 евра.

Во периодот од 03 до 08 јануари годинава, во куќата на Р.С.(51) од Куманово, непознат сторител со употреба на сила извршил тешка кражба. При тоа одзел разновиден златен накит и техничка стока, во вкупна вредност од 663.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.