Украдениот камион за ѓубре на скопска „Комунална хигиена“ најден во Војник
16.04.2019 11:28
| KumanovoNews
Украдениот камион за собирање ѓубре на ЈП „Комунална хигиена“ е најден во селото Војник, во Општина Старо Нагоричане.

Ѓубрарката која во ноември лани беше украдена од сервисот каде што била на поправка, полицијата ја нашла пет месеци по кражбата, оставена на пат.
„Предметното возило „Рено мастер“ со скопски регистерски таблици било пронајдено на 4 март на стариот пат во село Војник во атарот на општина Старо Нагоричане“, велат од Министерството за внатрешни работи, не кажувајќи дали е фатен крадецот на камионот, пренесува порталот СДК.мк