×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешно се справивме со првиот снег по улиците во градот, тврди Стојчевски

    27.11.2023 12:26 | Оливера Пешевска

    Првиот снег не не изненади, брзо реагиравме и ги расчистувивме улиците во централното градско подрачје, велат надлежните од ЈП „Чистота и зеленило“, кои годинава за првпат се задолжени за зимско одржување на улиците.

    Успешно се справивме со првиот снег по улиците во градот, тврди Стојчевски

    Тие велат дека нивните вработени ги расчистиле главните коловози, биле фрлена ризла и сол за да не дојде до подмрзнување, поради што немало проблеми во сообраќајот во централното градско подрачје.

    „Врнежите беа краткотрајни, немаше големи наноси и бргу реагиравме и саниравме каде имаше потреба. Критични точки се улиците кои имаат нагорнина и се наоѓаат на осојничави места, па поради влажните коловози и ниските температури посоливме ризла и сол за да спречиме подмрзнување. Тоа беа улиците Бајрам Шабани, како и делови од Народна револуција, Тоде Думба и Ѓорче Петров. Најлесно поминавме на булеварите во Куманово. За тоа колку успешно се спарвивме оставам и очекувам да дадат свој суд граѓаните“, изјави директорот Даниел Стојчевски.

    Стојчевски тврди дека се подготвени за секакви сценарија кои би можело да се случат во текот на зимските месеци, имаат доволна количина на сол, спремна механизација, потполна екипираност на оперативците од претпријатието и сите ресурси се на располагање во секој момент.

     „Не би се нафаќале ако не мислевме дека можеме да одговориме на предизвикот. Засега покажавме дека претпријатието е мобилно и целосно спремно за било какви временски прилики“, додава Стојчевски.

    Претпријатието располага со три специјализирани возила за фрлање на сол и расчистување на улиците, трактор со додатни плугови за расчистување и скип. Доколку се јави потреба имаат и булдожер-катапилар, кој ќе биде ставен во употреба. За плоштадите и улиците во центарот може да се искористат и метларките кои имаат можност за додатно вградување на ножеви. ЈП „Чистота“ минатата година со кредит од Светска Банка подигнат од Општина Куманово ја доби новата механизација и опрема за зимско одржување на улиците.

    „Чистота и зеленило“ за ова работа од Општина Куманово има добиено 5 милиони денари и дополнителни 3 милиони за периодот од 15 ноември до 1 јануари, што во вкупен збир изнесува 8 милиони денари или 130 илјади евра. Претпријатието за прв пат ќе ја врши ова услуга за потребите на Општина Куманово, како обид за заштеда на финсиски средства и помал одлив на буџетски пари во приватните компании, кои досега работеа на зимско одржување на улиците и другите јавни површини во Куманово.

    За зимско одржување на улиците и патиштата во приградските населби и селата е задолжена приватна фирма КООП Инжинеринг.