×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште двајца новозаболни од коронавирус во Куманово

    23.05.2020 15:06 | KumanovoNews

    Два нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово.

    Уште двајца новозаболни од коронавирус во Куманово

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти.

    - Скопје 4

    - Куманово 3

    - Прилеп 5

    - Тетово 6

    - Велес 4

    - Битола 2

    Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје (63), примен на болничко лекување на 6ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.

    Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:

    - Скопје 16

    - Куманово 2

    - Прилеп 2

    Досега во земјата се направени вкупно 24762 тестирања на КОВИД -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19. Досега со скринингот направени се 2060 тестирања на КОВИД-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

    Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.