Уште еден топол бран ќе ја зафати државата
05.08.2019 10:10
| KumanovoNews
Под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот.

Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза.
Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. УВ=8