×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

    05.04.2019 11:23 | KumanovoNews

    ВМРО-ДПМНЕ утре, сабота, со почеток во 20:30 часот на Градскиот плоштад во Куманово, ќе одржи голем митинг на кој ќе го претстaви кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова. На митингот ќе се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Утре митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

    „Ова е голем митинг за право и правда во Куманово и Република Македонија!Почитувани сограѓани, татковината не повикува! Дојдете да ја подржиме проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова  за право и правдина во Република Македонија! Сите сплотени заедно, за правда, за Македонија, сите застанати рамо до рамо, заедно за нашата љубов, за нашата инспирација,  за нашата емоција, сите сплотени заедно за нашата Македонија. Да застанеме сите под едно знаме, под една химна, и да го означиме почетокот со кој ќе ставиме крај на сите неправди, понижувања и обезличувања нанесени на нашата Татковина. Сплотени да ја започнеме нашата борба за правда за правдина, да покажеме дека сме нормална и рамноправна држава, да покаже дека сме држава и народ со своја историја, со свој корен и свој идентитет, со своја гордост, но и држава која има своја светла иднина.Северна е нивната, нашата е само Македонија, -изјави Милан Давидовиќ, портпарол ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на денешната прес-конференција.

     Тој ги повика кумановчани да излезат масовно на митингот, затоа што на државата и треба претседател кој ќе води суверено, силно, уверливо и посветено, а професорката Гордана Сиљановска Давкова е таквиот избор, сметаат од партијата.