Мени

Утре трибина на ВМРО-ДПМНЕ

03.02.2010 11:00 | KumanovoNews

Утре вечер во Хотелот „Кристал“ трибина ќе одржи премиерот Никола Груевски со своите  соработници. На средбата со граѓаните ќе присуствуваат пратениците од Куманово, повеќе министри и високи функционери.

Утре трибина на ВМРО-ДПМНЕ

 Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат сите граѓани, независно од политичката припадност да дојдат на трибината и свои прашања да придонесат во подобрување на работата на локалните и државни институции.

Трибината ќе започне во 20.30 часот.