“Вараждинска“ и “Васил Драгомански“ без струја
17.03.2015 14:19
| KumanovoNews
Без струја утре ќе бидат домаќинствата од улиците “Вараждинска“ и “Васил Драгомански“, информираат од ЕВН Македонија.

Снабдувањето со електрична енергија ќе биде прекинато од 8.30 до 15 часот, поради реализирање на инвестициони зафати во мрежата. Други планирани исклучувања на територија на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема да има.