Веб страната на Кумановско - осоговска епархија со превод на српски
        28.01.2015 14:39
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Веб страната на Кумановско - осоговската епархија од неодамна доби превод и на српски јазик.
 
                  Целта е информациите од епархијата објавени на веб сајтот да бидат достапни за што повеќе луѓе.
“Во денешно време знаеме дека информациите најбрзо патуваат по пат на Интернет. И ние отвараме, читаме сајтови кои се на англиски или некој друг странски јазик. На овој начин информациите за храмовите, вестите ќе бидат достапни за повеќе луѓе“ - кажа Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.
Претходно сајтот на Кумановско - осоговска епархија имаше превод на англиски, руски и албански јазик.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



