Вечерва започнува пролетта
20.03.2015 09:01
| KumanovoNews
Вечерва во 23.45 часот започнува пролетта во Македонија.

Првиот пролетен ден во земјава ќе трае 12 часа и пет минути. Сонцето ќе изгрее во 5.39 часот, а ќе зајде во 17.44 часот.
Пролетта ќе трае до 21 јуни, кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март, кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.
Денеска ќе има и помрачување на сонцето. Затемнувањето во Скопје ќе почне во 9.37 часот, а ќе заврши во 11.56 часот. Затемнувањето треба да се гледа со специјални очила или со маски за заварување со заштитен фактор повисок од 13.