Велигденска честитка од градоначалникот Дамјановски
Градоначалникот Зоран Дамјановски, упати честитка до граѓани од христијанска вероисповед, по повод големиот верски празник Велигден.

„Во миговите на искушенија, предизвици и заедничко доживување на нашата општествена ситуација, време е да им се поклониме на нашите традиционални и духовни вредности.Прославувајќи го Христовото Воскресение ја славиме безусловната љубов и разбирање меѓу сите луѓе. Во овие празнични денови, да ја шириме и јакнеме верата, националаната и меѓунационалната толеранција, да го негуваме и развиваме нашиот културен и национален идентитет.
Нека ни е честит Велигден и нека Господ ни даде сила, вера и благослов, за да го сочуваме онаа што го имаме, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно. Христовото Воскресение да Ви донесе мир и спокој, како и надеж за поубаво утре на сите нас, - се вели во честитката на градоначалникот Дамјановски.