Велигденско бдение во црквата “Света Троица“
26.03.2015 14:59
| KumanovoNews
Во црквата “Света Троица“ утревечер во 22 часот, ќе се одржи Велигденско бдение.

Целодневната богослужба ќе заврши со литургија, на која што ќе служи владиката кумановско-осоговски Јосиф. Од епархијата ги повикаа верниците кои постат и останатите, да присуствуваат на свечената литургија. Велигденското бдение се одржува секоја година, пред претстојниот христијански празник, Велигден.