×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Верски објект нелегално се гради во населбата Бавчи

    25.06.2019 13:39 | KumanovoNews

     Верски објект никна на брегот на реката Кумановска во населбата Бавчи, спроти комплексот згради кај „Мај маркет“.


    Верски објект нелегално се гради во населбата Бавчи

     Објектот почна да се гради пред околу еден месец и првично се претпоставуваше дека се работи само за уште една станбена дивоградба. Но, објектот доби купола, веќе е варосан и најверојатно наскоро ќе биде пуштен во употреба.

    Неофицијално, го гради физичко лице во име на дервишката заедница за извршување на верски обреди.

    Граѓаните кои живеат во тој дел на градот реагираат и бараат надлежните под итно да ја отстранат дивоградбата. Од Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово велат дека објектот нема одобрение за градба и се подига на државно земјиште, поради што ќе биде отстранет.

    „Овластен градежен инспектор од Општина Куманово излезе на терен откако започна да се гради објектот и констатираше дека се гради нелегално, без дозвола. Имаме записник, кој е потпишан од градителот и донесено е решение за отстранување на објектот. Доколку во дадениот рок не го отстранат сами, ќе се издаде решение за административно отстранување, односно Општина Куманово ќе пристапи кон административно отстранување на тој објект, а трошоците ќе ги сноси самиот инвеститор. Тие и покрај нашата забрана, продолжија со изградба на објектот“, изјавија од Секторот за инспекциски надзор.

    Оттаму додаваат дека покрај тоа што ќе биде урнат објектот, инвеститорите ќе заработат и кривична пријава за нелегална градба на узурпирана површина.