Ветераните пред споменикот на Вера Которка на Пониква
Триесетмина армиски и полициски ветерани – членови на ЗАПВАРС од Куманово во неделата на (11 јуни) го посетија споменикот на Вера Трајковска–Которка, која загина на 11 јуни 1944 година на Пониква во една од битките со тогашната бугарска фашистичка војска и полиција.

За погибијата на младата партизанска хероина од Куманово пред почитувачите на нејзините борбени подвизи пригодно слово одржа портпаролот на Здружението на армиските и полициските ветерани (ЗАПВАРС), Борко Стојановски.
Вера Трајковска-Которка, ученичка на кумановската гимназија, како борец на Третата МУБ и припадник на Одредот на Христијан Карпош се истакна во повеќето тешки и крвави борби за слободата на денешна Македонија, се’ до трагичната погибија во месноста Пониква пред точно 73 години. По одржувањето на историскиот час за ликот и делото на Вера Которка кумановските ветерани продолжија со прошетка низ прекрасната околина на Пониква и продолжија со дружење и заеднички ручек во ресторанот на новоуреденото одморалиште на Министерството за внатрешни работи на Македонија.
(Столе Божиновски)