Мени

Вкусни домашни јадења секој ден во „УНИКО Ресторан“

02.06.2026 11:23 | KumanovoNews

„УНИКО Ресторан“ и ова лето продолжува да подготвува на свежи јадења за сите кои сакаат вкусен и квалитетен оброк без дополнителни обврски во кујната.

 

Вкусни домашни јадења секој ден во „УНИКО Ресторан“

По бројните барања од гостите, домашната храна, може да се консумира во ресторанот или да се нарача за дома.

Во понудата се застапени традиционални домашни специјалитети подготвени според проверени рецепти, кои ги враќаат вкусовите од детството. Гостите можат да изберат чорба, гравче тавче, ориз во тава со разновидно месо, мусака, полнети пиперки, риба, селско месо, сарма, турли тава, посни јадења, тестенини, разновидни салати и макала, како и многу други вкусни оброци.

„Секој ден имаме различно мени и секогаш свежо подготвена храна. Нашата понуда е создадена за сечиј вкус и за сечиј буџет. Дојдете, пробајте и уверете се во квалитетот што го нудиме“, порачуваат од ресторанот.

Специјална промотивна понуда е готвено домашно јадење по ваш избор, свежа салата и домашно лепче за само 200 денари.

„Ова лето опуштете се и уживајте во слободното време со семејството и пријателите. Нема потреба да готвите – ние сме тука да ви помогнеме со разновидни домашни јадења подготвени од свежи и внимателно избрани состојки“, велат од „УНИКО“.

Работното време е од 9 до 18 часот, а нарачки може да се направат на телефонскиот број 075 833 033.

Комерцијален текст*