Мени

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај

18.04.2026 19:56 | KumanovoNews

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај.

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај

„Со оваа одлука се задржува намалувањето на акцизата за дизел горивото во износ од 4 денари по литар, како и намалувањето на акцизата за безоловните бензини од 95 и 98 октани во износ од 2 денари по литар. Оваа интервенција има директен фискален и пазарен ефект, којшто се рефлектира во значително намалување на малопродажните цени на горивата, со што се ублажува притисокот врз трошоците на живот и се амортизираат инфлаторните импулси“, соопшти Владата.

Дополнително, имајќи ги предвид стабилизациските ефекти од досегашните мерки и тековните движења на цените, Владата донесе одлука за измена на Одлуката за примена на повластена даночна стапка на додадена вредност. Согласно оваа измена, повластената стапка од 10% ќе продолжи да се применува за бензините, додека за останатите производи се врши враќање на редовната стапка од 18%.