Мени

Владата набави 100 нови возила за Македонска пошта

15.04.2026 11:26 | KumanovoNews

Владата, преку Министерството за транспорт, набави 100 нови возила за потребите на Македонска пошта.

Владата набави 100 нови возила за Македонска пошта

„Со новите возила, Пошта ќе може побрзо, поефикасно и посигурно да ги доставува услугите до секој граѓанин, до секое населено место и до секоја компанија. Ќе се намалат трошоците за одржување, ќе се зголеми продуктивноста, а услугата ќе стане поквалитетна. Македонска пошта мора повторно да стане сервис на кој граѓаните ќе му веруваат. Институција која ќе биде партнер на бизнисите. Систем кој ќе може да одговори на современите предизвици, особено во времето на дигиталната трансформација и раст на електронската трговија “, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Просечната старост на возилата со кои досега работела Македонска пошта била околу 15 години.

„Тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните и намалена доверба во системот“, додаде Мицкоски.

Според премиерот, оваа набавка е дел од поширока стратегија – да се обноват институциите, да се модернизираат јавните услуги и да станат пофункционални, без оправдувања.