Владата продава дуќани во центарот на Куманово
17.02.2015 14:07
| KumanovoNews
Владата го објави огласот за продажба на девет деловни простории, кои се наоѓаат во централното градско подрачје.

Во Куманово се продаваат дуќани на улица “Доне Божинов“ бб и тоа со површина од 20, 143, и два дуќана од по 33 квадрати. На “Октомвриска револуција“ бб се продаваат дуќани со површина од 104,98,65 и 51 квадрат. Еден дуќан има и на улица “Страшко Арсов“ со површина од 36 квадрати. Сите дуќани се наоѓаат на приземје, а дел имаат и подрумски простории.
Заинтересираните каталогот со деловни простории можат да го видат на веб страната на Министерството за транспорт и врски.