Влажни коловози и појава на одрони, се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Oд вчера (15.04.2019) до утре (17.04.2019) ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А1, делница Куманово - ГП Табановце (Клучка Бумеранг) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.