×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува договорот на штета на македонскиот идентитет, порача Мицкоски од Куманово

    02.12.2020 21:30 | KumanovoNews

    „Го предупредувам македонскиот народ, граѓаните во Македонија на будно следење на тоа што се подготвува, на тоа што се преговара, а ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која што ќе ја предводи идната влада, која што ќе биде влада на национално единство, нема ниту една реченица од евентуално парче харија кое што ќе го потпише двоецот Заев и Бучковски да го почитува.

    ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува договорот на штета на македонскиот идентитет, порача Мицкоски од Куманово

    Нема ниту една реченица, ниту еден збор кое што планираат двоецот Заев и Бучковски да го потпишат, а кое што ќе биде на штета на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик, на македонската традиција и обичаи да ги почитува“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пред почетокот на протестот во Куманово.

    Тој смета дека назначувањето на Владо Бучковски за преговорите со Бугарија е вовед во ново апокалиптично сценарио.

    „Сакам исто така да ја предупредам македонската јавност, македонскиот народ, македонската нација, граѓаните во Македонија дека новоименувањето на Владо Бучковски за посредник во спорот со нашиот источен сосед, човекот кој што имаше осудителна пресуда, а потоа преку Врховниот суд во владеењето на Зоран Заев, а знаете како тие трас-трас одлуки се носеле во Врховниот суд беше ослободен, човекот кој што беше осуден за проневера за тенковски делови, за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија, претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вовед во едно ново предавство кое што ќе треба да биде извршено и врз македонскиот надор, македонската нација и македонската држава, асимилација на македонскиот народ, на маса се македонската историја, македонскиот јазик, традиција обичаи и откажување од македонското национално малцинство кај нашиот источен сосед“, додаде Мицкоски.

    Тој истакна дека лично предупредил дека на состанокот помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, од нашитe било побаран нов договор кој има нова правосилна рамка и ново правосилно значење, поради што бил навредуван од страна на Зоран Заев, од Бујар Османи и на Никола Димитров дека тоа се лажни вести, но излегло дека сето тоа е точно.