×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Спроти Ургентен центар ќе никне петокатница

    31.05.2017 13:45 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот и локалната власт дека ќе дозволат во непосредната близина на Ургентниот центар, на површина од 1347 метри квадратни да се изгради петокатница, која ќе создаде уште едно тесно сообраќајно грло во градот на штета на граѓаните.

    ВМРО-ДПМНЕ: Спроти Ургентен центар ќе никне петокатница

    Според партијата во целата постапка има доста недоследности и аномалии, бидејќи измените на Деталниот урбанистички план го изработил син на раководителка на сектор во општината, а сопственик на земјиштето е советник во Советот на општина Куманово.

    „Со оглед дека со Предлог-Деталниот урбанистички план, неколкукратно се зголемува вредноста на ова градежно земјиште и се овозможува вртоглав профит на правните лица прашуваме: Дали било нужно изработката на ДУП-от да му се додели на синот на раководителката во општината? Колку оваа „работа од доверба“ ќе ја гарантира непристрасноста на овластениот инспектор при евентуалниот надзор на изработката на планот? По чија наредба се прекројува дел од паркинг-просторот и дворното место на веќе постоечки објект за да се овозможи директен влез на петкатницата и од улицата „11-ти Октомври“, дополнително на влезот од спроти Ургентниот центар? Дали изоставањето на новопланирана сообраќајница за пристап на повеќето објекти од планскиот опфат до секундарната сообраќајна мрежа е направено за да се зголеми површината на петкатницата и профитот на инвеститорот? Дали решавањето на пристапите на веќе постоечките објекти преку улицата „11-ти Октомври“ е законски основано и како ова решение ќе влијае врз животната микросредина? Дали Комисијата за урбанизам, ги запазил прописите за спречување на судир на интереси при одлучувањето, поради очигледноста на приватниот интерес?- праша Срѓан Ивановски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

     Тој додава дека како резултат на урбанистичките егзибиции на локалната власт, просторот за граѓаните сè повеќе го снемува, а дејствувањето на виталните служби на медицинска помош и противпожарната единица во градот се отежнува.