×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во 14 часот протест пред Општина Куманово против поскапување на струјата

    14.08.2020 08:38 | KumanovoNews

    Денеска, со почеток во 14 часот, пред Општина Куманово, ќе се одржи протестен марш против поскапување на електричната енергија. Граѓаните потоа ќе заминат пред седиштето на ЕВН.

    Во 14 часот протест пред Општина Куманово против поскапување на струјата

    Организатор на протестот во Куманово е невладината организација „Глас“, а целта е да се укине одлуката за зголемување на електричната енергија од 7,4 отсто  и ќе чини 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа, намалување на цената за потрошувачите за 46 отсто, како и распуштање на Регулаторната комисија.

    Од Владата се бара да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се елиминира монополот на ЕВН, а воедно и да се национализира дистрибутивната мрежа.

    Исто така и едно од барањето на овие протести е да се формира тело во служба на граѓаните, кое ќе може да го проверува квалитетот на енергетските услови.

    Ова е втор протест против покачувањето на струјата во Куманово.

    Протести ќе се одржат и во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга во 18 часот.