Во четврток и петок прскање против крлежи
18.04.2017 08:33
| KumanovoNews
На зелените јавни површини и паркови во градот, во четврток и петок, ќе се прска против крлежи.

„На ден 20. и 21. април, зависно од временските услови, предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот, како мерка во борба против крлежите, со цел да се спречи ширењето на заразни болести“, - соопштуваат од општина Куманово.
Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршениот третман.