×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во декември регистрирани 2297 сообраќајни прекршоци, „пајак“ подигнал 467 непрописно паркирани возила

    09.01.2023 14:16 | Сузана Николиќ

    На подрачјето на СВР Куманово во месец декември 2022 сообраќајната полиција спроведе зајакнати акциски контроли при што се откриени и санкционирани 2297 прекршоци.

    Во декември регистрирани 2297 сообраќајни прекршоци, „пајак“ подигнал 467 непрописно паркирани возила

    „Притоа биле изречени 1196 мерки за санкционирање на возачи кои управувале возила со брзина поголема од пропишаната, 105 управувале без возачка дозвола, 175 под дејство на алкохол, а биле одземени 9 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци и 44 поради тоа што не биле регистрирани“, соопштува СВР Куманово.

    Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај бележи дека со „пајак-служба“ биле подигнати вкупно 467 непрописно паркирани возила.


    Исто така, во декември на подрачјето СВР Куманово бил санкциониран возач, кај кого при извршено алкотестирање биле измерени 3.44 промили на алкохол.

    2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk