Во домот на кумановец најден хероин
04.02.2015 12:10
| KumanovoNews
Во домот на С.А.(25) од Куманово кон крајот на минатиот месец е извршен претрес, при што се најдени дигитална вага и пакување со 2.5 грама хероин.

Против С.А. е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.