×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Домот за стари лица реновирани 11 соби и тоалети

    18.02.2015 12:03 | KumanovoNews

    Во Домот за стари лица “Зафир Сајто“ Куманово реновиран е одделот за геријатрија.

    Во Домот за стари лица реновирани 11 соби и тоалети

    Обновени се единаесет соби, исто толку тоалети и една бања, за што се потрошени се 1.8 милион денари, средства од буџетот на установата.

    “Како резултат на домаќинското работење и добар финансиски менаџмент направен е убав потег. Вложивте 1.8 милиони денари и тоа јасно зборува за сериозноста на вашата работа. Оддавам должна почит на менаџерскиот тим, пред се на менаџерот господинот Неџипи, кој само десетина месеци ја води оваа установа. Успеа да го стабилизира финансиското работење, со најава дека ќе ги прошири инвестициите на другите оддели“ - изјави градоначалникот.

    Директорот Џемаљедин Неџипи вели дека ќе настојуваат на корисниците да им обезбедат достоинствен живот, квалитетни здравствени услуги, храна и нега и најави нови инвестиции во домот.

    “ За да се продолжи планот за реконструкција на внатрешниот дел на домот, и оваа година согласно годишниот финансиски план за 2015 година, планирани се 2 милиони денари за реновирање на првиот реон, кој брои 12 соби, 12 тоалети и една бања. Јас како директор ќе направам се за да продолжи овој проект, но ќе ни треба помош од надлежните министерства, општината или некоја невладина организација“ - кажа Неџипи.

    Во “Зафир Сајто“ се сместени 150 стари луѓе од повеќе градови од Македонија. Домот е еден од најстарите во земјава и како таков треба да се одржува и реновира за да понуди добри услови за сместување на старите лица.