Во Куманово 4000 приматели на социјална помош
20.03.2015 08:45
| KumanovoNews
Вкупно 3959 корисници на социјална помош од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, од јули годинава ќе добиваат за 10 отсто повисок надомест.
Владата одлучи социјалната помош да ја зголеми за 10 отсто, за да им помогне на ранливите категории на граѓани.
На ниво на државата има околу 30.000 приматели на социјална парична помош и околу 5.300 приматели на постојана парична помош, ќе добијат значително поголем износ на средства, односно за 12 месеци околу 145 милиони денари ќе бидат одвоени дополнително за оваа намена.