×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово ќе се отвори Центар за помош на децата

    29.01.2010 13:57 | KumanovoNews

    Словенечката амбасада ќе финансира отварање на три советодавни центри за помош на децата во Република Македонија. Еден од центрите ќе биде сместен во Куманово, а ќе биде наменет за децата од сите националности што имаа некакви проблеми.

    Во Куманово ќе се отвори Центар за помош на децата

     - Со помош на невладините организации канцелариите ќе ги отвориме во Куманово, Тетово и Скопје. Децата од сите возрасти по завршување на училишните обврски ќе имат простор каде  можат да дојдат и да ги кажат своите проблеми. Просторот ќе бидеопремен со интернет и компјутери, а децата ќе имаат помош од логопеди и психолози.Тука ќе  можат да си разменуваат искуства, да се играат и да се дружат - вели амбасадорот Алан Брајан Бергант.

    Според амбасадорот најголем проблем кај ромската популација е недостатокот на едукативниот процес иако Националниот ромски центар направил многу на тој план.Како резултат на тоа се зголемил бројот на ученици Роми во основното и средно образование.

      - Голема благодарност до Република Словенија што не подржува во нашите активности и се надевам дека ова што денеска го започнавеме само ќе даде нова енергија во понатамошната соработка и реализација на Националната стратегија за едукација на Ромите. Ние сме препознатливи како сервисна организација со доверба и така ќе продолжиме во иднина се во интерес на граѓаните - рече Ашмет Елезовски, менаџер на НРЦ.