Во Куманово минималната температура -5, снежната покривка 5 сантиметри
Ноќеска во Куманово е измерена минимална температура од - 5 степени Целзиусови, а снежната покривака изнесува 5 сантиметри.

Најстудено било во Скопје- Петровец со - 10 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка 96 сантиметри.
Преку ноќта и утрово во поголем дел од земјава времето беше променливо облачно, а по котлините магливо и постудено. На повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.
Времето денска ќе биде променливо облачно, претпладне со подолги сончеви периоди и со магла по одделни котлини. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, повремено врнежите ќе имаат обилен карактер. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите делови но ќе имаат послаб карактер. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, пообилни ќе бидат претежно во источните делови. Поради заладувањето во четврток врнежите на повисоките и на некои пониски места ќе преминат во снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.