Во Куманово над 10.000 невработени
16.01.2015 12:05
| KumanovoNews
Во Куманово 10.686 невработени граѓани активно бараат работа, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Македонија, заклучно со ноември лани.

Од нив 7201 невработен живеат во град, а 3485 на село. Во однос на октомври 2014 година, бројот на невработени е благо зголемен бидејќи тогаш имало 10.360 невработени.
Во државата големите градови како Скопје, Тетово, Куманово, Битола и Прилеп имаат најголем број невработени.