×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово наставниците единствени во штрајкот

    20.01.2015 11:03 | KumanovoNews

    Наставниците од основните и средните училишта во Куманово денеска се единствени во штрајкот и велат дека тој ќе трае се до исполнување на нивните баеања.

    Во Куманово наставниците единствени во штрајкот

    Тие велат дека казните од екстерно тестирање се главниот мотив поради кој штрајкуваат и бараат нивно укинување и зголемување на платите за 25 отсто.

    “Во јавноста кружат дезинформации дека наставниците штрајкуваат единствено за повисока плата, но тоа не е точно. Првично штрајкуваат заради екстерното тестирање кое никаде во светот не е од ваков вид. Секаде служи за оценување и проверка на наставните планови и програми, само кај нас служи за казнување на наставници. Оној наставник кој цела година работи со учениците, испрашува, тестира, предава, на крајот со екстерно оценување во еден ден има разединување во две оценки, и добива парична казна цела година 3000 денари, а наградените се со 1000 денари, што не е етички“ - изјави Марина Манојловска, директорка на „Браќа Миладиновци“.

     Директорите велат дека кај нив немало притисоци и закани врз наставниците за да не почнуваат со штрајк.

    “Притисоци нема никакви и нема наставници кои го кршат штрајкот. Единствени се наставниците и од подрачните и од централното училиште, и членови на синдикат и оние кои не се членови. Размислуваат со своја глава. Тие се против казните од екстерно, бараат повисоки плати и да не се носат измени на закони без да се консултираат стручни лица, луѓе од пракса“ - вели Лидија Костиќ, директорка на “Христијан Карпош“.

    Директорите до општината доставиле списоци и барање на согласност за да се најдат заменски наставници, како што налага законот. Штом ќе бидат најдени заменски наставници, наставата во училиштата ќе продолжи.