×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово наврна 28 литри дожд

    26.05.2017 09:39 | KumanovoNews

    Во изминатото деноноќие во Куманово и околината наврна 28 литри на метар квадратен дожд.

    Во Куманово наврна 28 литри дожд

     Најмногу дожд падна во Струмица 71 литар, а најмалку во Крива Паланка 8 л/мк.

    Во Штип 14, 16 Битола, 17 Дебар, 18 Скопје, Берово, Охрид, 19 Прилеп, 20 Виница, 21 Гевгелија, 22 Тополчани, 23 Д. Капија, 24 Маврово, 25 Претор, Крушево, 26 Тетово, 28 Куманово, Лазарополе, 32 Пожаране, 35 Дојран и 36 Ѓуриште.

    Минималната температура измерена во Куманово изнесуваше 10 степени Целзиусови.

    Моменталната состојба е претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места  се обилни. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

    Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен локален дожд, особено попладне. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.

    Минималните температури ќе бидат од 7 до 13 степени, а највисоката дневна ќе достигне од 19 до 25 степени.

    Скопје, променливо облачно со услови за слаб дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец.

    Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе ќе биде изразен во северните делови. В сабота ќе има слаби локални врнежи од дожд.

    Од почетокот на наредната недела се очекува стабилно и потопло време.