Вo Куманово ноќеска наврна 17 литри дожд
03.07.2020 10:37
| KumanovoNews
Во изминатите 24 часа во Куманово падна најмногу дожд, дури 17 литри на метар квадратен. Потоа следуваат: Битола со 14 л/м, Крива Паланка- 10 л/м, Крушево - 6 л/м.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме.
Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени.