×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово отворен Занаетчиски центар за обука

    26.02.2019 19:08 | KumanovoNews

    Занаетчиски центар за обука денеска е отворен во Средното стручно училиште „Перо Наков“ во Куманово.

    Во Куманово отворен Занаетчиски центар за обука

    Проектот се реализира во соработка со Општина Гњилане во Косово, а чини 250.000 евра, за отворање на двата центри.

    Центарот е опремен со кујна и комплетна бела техника, машини за шиење, везење и обработка на кожа, како и разбои за ткаење.  Со средства од проектот целосно се реновирани просториите, сменети се прозорците и подот каде што е сместен центарот.

    „Центарот можат да го користат сите полнолетни млади луѓе и сите жени кои без оглед на возраста сакаат да се вклучат во едуцирања или давање на своите знаења  кон другите заинтересирани. Јас сум лично убедена дека од овде ќе излезат добри проекти на социјално предприемништво, а ние ќе се обидеме да им помогнеме да добијат неповратни средства за започнување на своите бизниси“ , - изјави Савка Тодоровска, претседателка на Национален совет за родова рамноправност, координаторка на проектот „Мрежа за успех“.

     Целта на проектот да се зачува културното нематерјално богатство на двете држави, а тоа ќе се постигне само со помош и поддршка за отварање на бизниси во оваа дејност.

    „Ние во Приштина имаме ваков центар од 2000 година, додека во Гњилане го отворивме пред 2-3 месеци во рамки на проектот. Таму жените доаѓаат два пати неделно и се обучуваат во 4 вештини: кулинарство, шиење, работа на разбој и монистра. Ние се надеваме дека со совладување на овие вештини жените ќе отворат свои бизниси, а тоа е добра можност за вработување и за добробит на целото општество“, -  изјави  Бексаре Муареми, директорка на центарот „Отворена врата“ во Приштина.

    Во проектот се вклучени вкупно 150 жени по 75 од Куманово и Гнилане, а целта на проектот да се задржат младите во земјата и да се остварат што повеќе вработувања на жените.

    Проектот е финсиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Европската унија, а поддржан е од Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.