Во Куманово Пендаровски ja победи Сиљановска - Давкова со 1189 гласа разлика
22.04.2019 07:22
| KumanovoNews
Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во првиот круг на претседателските избори извојува најголем број на гласови од граѓаните на Куманово во однос на своите противкандидати Гордана Сиљановска-Давкова и Блерим Река.

Според податоците на ДИК, Пендаровски освои 16.245 гласа, Сиљановска- Давкова 15.056 и Река 4505 гласови.
Во проценти Пендаровски 43,30 %, Сиљановска Давкова 40,13 % и Река 12,01 отсто.
Неважечки ливчиња се 1.715 или 4.57 отсто.
Во Куманово гласале 37.519 гласачи, што е 40,41 отсто излезност на изборите.