×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово поднесени над 19.000 даночни пријави

    19.03.2015 12:07 | KumanovoNews

    Во УЈП Куманово во законски предвидениот рок до 16 март, поднесени се 19.045 годишни даночни пријави.

    Во Куманово поднесени над 19.000 даночни пријави

    “Управата за јавни приходи благовремено ги известуваше граѓаните на обврската за поднесување на Годишна даночна пријава преку соопштенија, изјави, јавни повици. И покрај големиот број на Годишни даночни пријави кои изминатите неколку дена се поднесуваа до УЈП, не се регистрирани застои и поголеми чекања пред даночните шалтери“ - вели Сузана Стошевска Николовска, регионален портпарол  на УЈП, Регионална дирекција Штип.

    За неподнесување на Годишна даночна пријава во законскиот рок, на даночниот обврзник согласно Закон ќе му биде изречена глоба од 500 до 1000 евра, во денарска противвредност.

    Според последните податоци во УЈП се примени вкупно 426.352 ГДП на ниво на држава, од кои 2.020 се поднесени преку е-даноци, а се чекаат да пристигнат и ГДП кои граѓаните ги доставиле преку пошта.