×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово прваче позитивно на коронавирус, учителката и неговите другарчиња во изолација

    15.10.2020 18:07 | KumanovoNews

    Учителка и 30 ученици од прво одделение од основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово се во изолација, откако нивно другарче е позитивно на ковид-19.

    Во Куманово прваче позитивно на коронавирус, учителката и неговите другарчиња во изолација

    Детето се заразило од член на семејството, кој за време на продолжениот викенд дознал дека е позитивен. Во меѓувреме, и детето развило симптоми и направило тест, кој покажал дека е суспектно. За здравствениот проблем го известиле училиштето.

    - Случајот веднаш го пријавивме во Центарот за јавно здравје во Куманово и по извршените проверки беше одлучено учениците и одделенскиот наставник да бидат ставени во 10-дневна изолација, иако сите се добро. Детето не било во контакт со своите другарчиња од петокот, но, сепак,  мора да се запазат сите мерки за заштита. Во училницата каде што се изведува наставата се поставени пексиглас паравани и учениците немаат контакт меѓу себи, се надевам дека другите деца нема да имаат здравствени проблеми“, - вели директорот на училиштето Александар Јовановиќ, кој тврди дека максимално ги спроведуваат протоколите за заштита на децата, за што се увериле и инспекторите на Државниот санитарен инспекторат и Просветниот инспекторат.  

    Директорот додава дека се во постојан контакт со родителите. По првите симптоми детето се чувствува добро и заедно со своите другарчиња ја следи онлајн наставата.

    Од училиштето апелираат до родителите да водат сметка каде се движат ученицитео завршување на наставата, бидејќи децата не се свесни за опасностите кои ги носи коронавирусот.