Во Куманово првото бебе машко
03.01.2019 09:28
| KumanovoNews
Првото бебе родено во 2019 година во Куманово е машко.

Родено е десет минути по полноќ на 1 јануари, тешко е три килограми и долго 52 сантиметри. Мајката Маја и бебето се добро.
Стефан е второ дете во семејството Ангеловски.
Традиционално на првиот жител во Новата година, подароци му однесоа претставници од Општината и Општата болница Куманово.