Во неколку установи контрола за заштита на лични податоци
27.02.2015 09:24
| KumanovoNews
Во текот на месец март, инспектори од Дирекцијата за заштита на лични податоци ќе извршат надзор за заштита на лични податоци во три основни училишта и во Центарот за социјални работи во Куманово.

Во основните училишта “11 Октомври„, „Вук Караџиќ“ и “Браќа Миладиновци“ ќе биде прегледана збирка на податоци од ученици, родители, вработени и видео надзорот, додека во Центарот за социјални работи ќе биде прегледана евиденцијата на корисниците на социјална заштита.
Во март надзор ќе има и во други установи во Скопје, Штип, Прилеп, Битола и други населени места.