×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Режановце градот ги столчи насадите

    06.05.2017 14:00 | KumanovoNews

    Градот кој вчера го зафати кумановско, најмногу штета предизвикал во селото Режановце. 

    Во Режановце градот ги столчи насадите

     Жителите тврдат дека невремето следено со силен град траело половина час, од  12.30 часот до 13 часот, пришто ги уништило овошките и земјоделските култури и направило голема штета.

    „Најмногу настрадаа лозјата, овоштарниците, насадите со јагоди, бавчите со пипер и патлиџани и другите раноградинарски производи што се одгледуваат на отворено. Уништено е над 90 отсто од она што е зафатено. Бидејќи и вчера попладне врнеше, дури денеска луѓето одат во полето да видат колкави се штетите. Ќе се договориме како ќе постапуваме и дали ќе ја пријавиме штетата, - вели претседателот на месната заедница Зоран Крстевски.

    Тој додава дека оваа година нема да се надеваат на род од овошките и лозјата, затоа што она што останало од мразот го столчил градот.

    Слично невреме имало и пред 4-5 години, но тогаш кон средината на летото и штетите биле многу поголеми бидејќи ги уништило житата и родот на земјоделските култури.

    Невремето кое вчера го зафати кумановско предизвика штети и во други села.