Во Старо Нагоричане се одржа Олимпијада за ученици
07.04.2015 12:08
| KumanovoNews
Во тренинг центарот „Млади за млади“ во Старо Нагоричане, викендов се одржа Олимпијада за ученици, организирана под покровителство на градоначалникот, Советот на општина Старо Нагоричане, а во соработка со Народна техника.
Ученици од општините Старо Нагоричане и Куманово се натпреваруваа во агротехника, математика, биологија, хемија, физика, математика, моделарство, градежништво, информатика и фото шоп.

„Децата ме зачудија со добрите резултати. Комисиите на натпреварот беа задоволни. Учениците се дружеа, разменија искуства, а првите места ќе одат на Олимпијада во Велес“ - кажа Душан Доцевски од Народна техника.
Најдобрите ученици во сите категории на 18 месецов ќе учествуваат на Олимпијада во Велес.


