Во Здружението на пензионери акција за мерење на шеќер во крвта
19.11.2018 07:38
| KumanovoNews
Во просториите на Здружение на пензионери Куманово, утре ќе се спроведе акција за мерење на шеќер во крвта на лицата во трето доба.

Акцијата ќе започне во 10 часот, а ја организираат заеднички Здружение на пензионери Куманово, Црвен Крст Куманово и Здружение на дијабетичари Куманово.
Истовремено на пензионерите ќе се поделат и одреден број на торбички за пазарење, како и брошурки за правата од социјална и здравствена заштита на старите лица.
Акцијата се организира по повод Недела на грижа за стари лица, која почнува од денеска а трае до петок.